Алкалоид против Силкеборг во Данска нема што да загуби

Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид, вечерва ќе му гостува на данскиот Бјрерингбро-Силкеборг во меч од 4. коло во Лигата на Европа.

Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров пред мечот вели дека иако Данците се први фаворити во нивната група, тие одат да се надигруваат.

„Бјерингбро – Силкеборг покажа дека е фаворит број еден во нашата група и во моментов е најквалитетен тим. Ние ќе одиме во Данска да се надигруваме. Тој меч треба да ни послужи за собирање на ново искуство што треба да го искористиме за тоа што нѐ очекува во иднина. Се надевам дека ќе имаме подобра реализација и во реваншот ќе покажеме поголема борбеност и поголема мотивираност“, изјави Лазаров.

Натпреварот меѓу Силкеборг и Алклаоид е со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...