Алкалоид против Загреб, Нексе и Сесвете ќе ја темпира формата за Лигата на Европа

Македонскиот ракометен вицешампион РК Алкалоид во Хрватска ќе ја темпира формата за новата сезона во домашниот шампионат и дебитантскиот настап во Лигата на Европа.

Алкалоид ќе игра на Струшкиот турнир на крајот од август, а еден месец подоцна ќе спарингува во Загреб со најдобрите хрватски екипи Загреб, Нексе Нашице и Сесвете, а предвиден е и дуелот со словенечка Добова.

Алкалоид годинава ќе настапи во Лигата на Европа, а ждрепката за групната фаза во ова натпреварување е закажана за 21. јули.

Се вчитува...