Алкалоид е на чекор до четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп откако освојувачот на Купот на Македонија ја продолжи серијата импресивни изданија и на гостувањето против Бриксен во Италија.
Избраниците на Лазаров одиграа одличен меч и славеа со убедливи 32-44, а мора да се истакне и големата поддршка што ја имаа од трибините на Апенинскиот полуостров.
Иако „сино-белите“ беа гости на мечот, стотици Македонци дојдоа во салата за да им дадат поддршка на ракометарите на Алкалоид, создавајќи фантастична атмосфера.
Ракометарите им возвратија на вистински начин, со шоу на теренот и заедничка прослава на големата победа по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА