Алкалоид убедлив во Купот на Македонија, 15 гола на Петковски

Алкалоид со импресивно издание стигна до втората фаза од Купот на Македонија откако скопскиот суперлигаш лесно и убедливо славеше на домашен терен над Астраион со 47-15.

Дуелот беше израмнет само до 4-4, по што избраниците на Кире Лазаров постигнаа четири гола во низа, влегувајќи во ритам што гостите од Струмица не можеа да го следат. Алкалоид одигра доминантно до крајот на полувремето, на одмор заминувајќи со убедливи 24-8, за во ист ритам да продолжи до самиот крај на мечот, на крајот славејќи со преубедливи 32 гола разлика. Извонреден меч имаше крилото Петковски, кој реализираше 15 погодоци, додека Михаил Ивановски постигна осум гола за Алкалоид.

Пласман во следната рунда осигура и тимот на Јуниор Кисела Вода, кој славеше пред своите навивачи против Драчево со резултат 28-23. Клучната предност беше остварена во првото полувреме што Јуниор го доби со 16-11, во вториот дел тимот од Кисела Вода имаше и „плус девет“, за рутински пласман во наредната фаза од Купот на Македонија. Петровски и Андревски ги предводеа стрелците на победничкиот тим со по шест погодоци, додека Ѓорѓи Дука со 11 гола беше најдобар поединец во таборот на Драчево.

Се вчитува...