Нa едно коло до крајот на сезоната, ракометарите на Алкалоид без апсолутно никакви проблеми славеа на натпреварот од 9. коло против Бутел со убедливи 37-21.
Дуелот во Автокоманда беше решен уште во првите 20 минута кога домашните дојдоа до предност од 7 голови (14-7) и на тој начин веќе ја најавија победа.
На полувреме Алкалоид имаше предност од 19-11, за да во ист ритам се продолжи и во второто полувреме. Н крајот за убедлив триумф од +16 голови разлика.
Тордарсон со осум гола беше најефикасен кај Алкалоид, додека кај Бутел се издвои Шилегов со пет погодоци.
Во натпреварот од плеј-аутот, екипата на Е. Пелистер 2 триумфираше против Струга со 29-40.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
