Алкалоид во Нови Сад во нова „европска авантура“

Ракометарите на македонскиот вицешампион Алкалоид вечерва ќе и гостуваат во Нови Сад на српска Војводина во меч од 5. коло во Лигата на Европа.

Иако шансите за пласман во следната фаза веќе се загубени, овој меч за младите ракометари ќе биде од големо значење за собирање на искуство. Голманот на „фармацевтите“, Иван Галевски вели дека се подготвени да се надигруваат со фаворитот.

„Не очекува голем предизвик во името на Војводина. Тие се сериозен противник, но ние сме подготвени и мотивирани да излеземе во Нови Сад и да се надигруваме“, изјави Галевски.

Tренерот на Војводина вели дека мечевите како тие против Алкалоид се најтешки бидејќи сите очекуваат победа, а скопскиот тим воопшто не е наивен противник.

„Овие натпревари се најтешки, затоа што сите очекуваат победа, а противникот не е нималку наивен. Имаме доста повредени и болни играчи, но јас сум горд на тие што играат и даваат и повеќе од максимумот, па надополнуваат. Се надевам дека и публиката ќе го препознае моментот дека ни е потребен ветер во грб, затоа што против Алкалоид нема воопшто да биде лесно. Тоа е добар тим, имаат одлични играчи и мораме да бидеме 100% во мечот од прв до последен момент“, изјави Ројевиќ. 

Натпреварот меѓу Војводина и Алкалоид е со почеток во 18.45 часот.

Се вчитува...