Алкалоид во вториот дел го „скрши“ Аеродром

Ракометарите на Алкалоид убедливо го совладаа составот на Аеродром. Гостите добро парираа само во првиот дел кога беше само еден поен предност за избраниците на Кире Лазаров, но во вториот дел целосна доминација на Алкалоид, за триумф од убедливи 24 разлика.

Виепрвакот го покажа својот квалитет во вториот дел, а гостите немаа сили да парираат. Ова беше 11-та победа во 11 натпревар за Алкалоид.

Најефикасен на средбата беше Давид Савревски со девет гола, додека кај Аеродром Мелоско постигна шест.

Се вчитува...