Алкалоид во вториот дел го урна отпорот на Бутел и обезбеди место на Ф4

Ракометарите на актуелниот вицешампион на Македонија, Алкалоид се последните патници на Ф4 турнирот во Националниот куп, откако денеска на домашен терен во четвртфиналето славеа над Бутел со 23-20.

Иако домаќините беа големи фаворити на овој меч, гостинскиот тим пружи голем отпор посебно во првото полувреме по кое избраниците на Горан Кузмановски имаа и предност од 11-13.

Сепак, големиот пад во вториот дел, посебно на физички план беше клучен за целосен пресврт на избраниците на Кирил Лазаров и конечен триумф од 23-20. Мартин Серафимов со девет гола беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Димитар Ѓеоргиевски заврши со шест.

Друштво на Алкалоид на Ф4 турнирот во Купот на Македонија ќе му прават Вардар, Еурофарм Пелистер и Тиквеш.

Се вчитува...