Алкараз без милост за Пол: Шпанецот експресно до четвртфинале на УС Опен

Карлос Алкараз сигурно чекори кон одбраната на титулата на УС Опен. Шпанскиот тенисер го совлада Американецот Томи Пол во со 6:4, 6:3, 6:4 и се пласира во четвртфиналето на последниот годинешен грендслем.

Алкараз работата ја заврши за 143 минути. Во првиот сет, двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис се до десеттиот гем. Тогаш Алкараз го подигна нивото, дојде до три брејк-топки и ја искористи втората за освојување на сетот со 6:4.

Во вториот сет Американецот се обиде да одговори, но Алкараз успеа подобро да се снајде во серијата брејкови. Во еден момент Шпанецот имаше дури шест можности да му го одземе сервисот на Пол, но не ги искористи. Сепак, тоа не влијаеше врз неговата концентрација и сетот го освои со 6:3.

Во третиот сет, клучниот момент се случи при резултат 2:1, кога Алкараз направи брејк и ја презеде контролата. Потоа без поголеми проблеми го одржуваше својот сервис и дојде до триумф и пласман во четвртфиналето.

Во четвртфиналето Алкараз ќе игра против победникот од дуелот меѓу Бен Шелтон и Стефанос Циципас.

Се вчитува...