Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, успешно чекори кон ново финале на последниот годинешен грендслем турнир, САД Опен, откако во третото коло со 3-0 во сетови (6-3,6-4,6-1) го победи Јибинг Ву од Кина. Следен противник на Алкараз ќе биде Американецот Томи Пол кој пак беше подобар од Александер Бублик во пет сета и тоа со 6-4,3-6,6-7,6-1,6-3.
По откажувањето на Јаник Синер и елиминацијата на Новак Ѓоковиќ уште во првото коло, токму Алкараз е главен фаворит за одбрана на трофејот кој го освои минатата година.
Tennis fans lose their minds as Carlos Alcaraz goes shirtless after US Open third-round win https://t.co/AK7iDxAHgM pic.twitter.com/SdmzYCNlvi
— New York Post (@nypost) September 5, 2026
По мечот, Алкараз го воодушеви женскиот дел од публиката на трибините. Имено, по победата, Шпанецот ја соблече маичката и во тие моменти, дамите на трибините еуфорично го поздравија овој потег и почнаа да го фотографираат.
The crowd reactions to Carlos Alcaraz taking his shirt off
😂😂😂😂😂 pic.twitter.com/YUDPkUkeBP
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) September 4, 2026
Пласман во следната рунда обезбедија и Бен Шелтон кој беше подобар од Денис Шаповалов (7-6,6-7,6-3,6-4), Циципас кој во четири сета го совлада Лехечка (2-6,6-1,7-6,6-1), како и Медведев на кого му беа доволни точно два часа за триумф над Риндеркнех (6-4,6-4,6-4).
Во женска конкуренција, Ана Калинската ја изненади Елина Свитолина со 2-1 во сетови (6-3,2-6,6-3), три сета играше и Џесика Пегула против Лејла Фернандез (1-6,6-4,6-3), додека убедлив настап имаше Кирстеа против Паолини (6-3,6-3).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
