Алкараз доминантно до 1/4 финале на Индијан Велс

Откако првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ беше елиминиран од Индијан Велс, вториот најдобар тенисер на светот Карлос Алкараз од Шпанија се пласираше во 1/4 финалето на овој турнир.

Алкараз во 1/8 финалето го совлада Фабијан Марошан од Унгарија со 2-0 со резултат 6-3, 6-3 за 75 минути игра.

Така младиот Шпанец му врати на Марошан за шокантниот пораз кој од него го претрпе пред десет месеци на мастерсот во Рим.

На овој меч Алкараз беше целосно доминтантен. После негатива од првиот сет 2-3, потоа нанижа четири гема и го освои првиот сет, и повеќе не можеше да се сопре.

Се вчитува...