Алкараз го изнасмеа Бугаринот со изјавата: „Димитров ме натера да се чувствувам како 13-годишно дете…“ (ВИДЕО)

Карлос Алкараз славеше на турнирот во Индијан Велс и важеше за главен фаворит и во Мајами, но шпанскиот тенисер не успеа да се пласира во полуфиналето на овој Мастерс-турнир откако загуби во четвртфиналната пресметка од Григор Димитров со 2-0 во сетови.

Бугарскиот тенисер, кој е 12 години повозрасен од Шпанецот, му одржа тениска лекција на Алкараз доминирајќи од почеток до крај за убедлива победа од 6-2, 6-4.

„Играше неверојатен тенис, речиси совршен, ако можам да кажам „совршено“. Не можев да најдам решенија. Не можев да најдам начин да направам да се чувствува непријатно на теренот. Ова беше одличен натпревар од негова страна. Имам многу фрустрации во моментов, бидејќи тој ме натера да се чувствувам како да имам 13 години (се смее). Беше навистина лудо. Разговарав со мојот тим барајќи решение, но залудно. Им велев дека не знам што треба да направам. Не ја знам неговата слабост. Не знам ништо“ – истакна Алкараз по мечот.

А, откако оваа негова изјава му беше пренесена на Бугаринот тој слатко се изнасмеа.

Се вчитува...