Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја оправда фаворитската улога и го победи Американецот Томи Пол во четвртфиналето на Вимблдон.
Алкараз го загуби првиот сет со 5-7, но потоа целосно доминираше на дуелот добивајќи ги следните три сета со 6-4, 6-2 и 6-2 за заслужена победа и пласман во полуфиналето на грандслем турнирот.
Сега во полуфиналето Шпанецот ќе се соочи со Русинот Данил Медведе кого минатата година на Вимблдон го совлада исто така во полуфиналната пресметка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА