Неодамна, тенискиот свет ја доби веста дека Карлос Алкараз ќе му се врати на „белиот спорт“ на УС Опен и дека Јаник Синер нема да учествува поради повреда на коленото. Сепак, љубителите на тенисот во Њујорк нема да останат без ѕвезди.
За тоа се погрижи Алкараз, кој на УС Опен ќе настапи и во конкуренција на мешани двојки. Тој ќе игра во тандем со најголемата американска тениска ѕвезда, Серена Вилијамс. Иако 44-годишната Американка се повреди на Вимблдон, таа се подготви за своето ново враќање пред домашната публика и ќе настапи во мешани двојки.
Потсетуваме дека УС Опен беше единствениот турнир што ги промени правилата за мешани двојки, па се повеќе играчи од поединечната конкуренција учествуваат на овој турнир. Сепак, минатата година до титулата стигнаа специјалистите за двојки, Андреа Вавасори и Сара Ерани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
