Алкараз ја напушти иницијативата која ја водат Синер и Сабаленка

Карлос Алкараз одлучи да се повлече од групата водечки тенисери кои повеќе од една година вршат притисок врз организаторите на четирите гранд-слем турнири за да обезбедат поголем дел од приходите за играчите.

Како што пренесува „Тајмс“, Шпанецот повеќе не е активен дел од иницијативата што своевремено ја поддржуваше заедно со Јаник Синер, Арина Сабаленка, Коко Гоф и други големи имиња во светскиот тенис.

Сепак, причината за тоа очигледно не е промена на ставот во однос на распределбата на парите. Алкараз зад себе остави многу тежок период, во кој четири месеци се соочуваше со повреди, првенствено на зглобот на раката. Сега негов приоритет е враќањето во оптимална форма, но и залагањето за поблаг календар на АТП-турнејата и подолги паузи меѓу турнирите.

Се вчитува...