Карлос Алкараз конечно ги надмиина проблемите со повредите, па шпанскиот ас својот камбек на терените ќе го има токму на УС Опен.
Тенискиот великан важи за еден од главните кандидати за трофејот во отсуство на Синер, но главната дилема е во каква форма ќе се наоѓа Алкараз по повеќемесечната пауза. Во последното интервју дадено пред почетокот на настапите во Њујорк тој се осврна на тешкиот период во кој не можешт ниту да тренира.
„Би рекол дека се траеше околу четири, четири и пол месец. Ако треба да бирам кога беше најтешко, тоа дефинитивно е првиот месец. Беше тоолку компликувано бидејќи не можев да правам буквално ништо со десната рака, целосно мирување… ми беше многу тешко“, истакна Алкараз.
Психолошкиот аспект секогаш е многу важен кај спортистите, особено при рехабилитации од повреди.
„Кога почнав малку да тренирам, а уште не знаев кога ќе се вратам на терените, беше многу тешко да ги контролирам мислите. Само работев, не знаев дали ќе можам да играм во Синсинати или на УС Опен, секој ден тренирав, но ми бешше многу тешко во главата, да останам стопроцентно фокусир. Постојат мисли што сами ти доаѓаат и не можеш да ги игнорираш, но јас успеав – бев фокусиран, му верував на мојот тим и дојдовме до нивото што го посаувавме“, вели Алкараз.
Шпанскиот тенисер во првото коло ќе се сретне со Роман Сафијулин од Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
