Алкараз како брз воз и преку Шаповалов

Карлос Алкараз го продолжи походот по свој прв трофеј на Ролан Гарос откако шпанскиот ас славеше на својот меч од третото коло против Шаповалов со максимални 3-0 во сетови. Првиот носител делуваше импресивно од самиот почеток, отворајќи го мечо со 5-0 и добивајќи го првиот сет со 6-1. Шаповалов својата шанса ја пропушти во вториот сет, канадскиот тенисер во два наврати имаше брејк предност, но влезе во серија неизнудени грешки и Алкараз го доби и овој сет, овојпат со 6-4.

Видно мотивиран, Шпанецот потоа направи брејк на почетокот од третиот сет, трасирајќи си го патот до победата со конечните 6-2. Следен противник на Алкараз ќе биде Италијанецот Мусети, кој неочекувано лесно го совладан Нори со 3-0 во сетови (6-1, 6-2, 6-4).

Циципас рутински ја одработе задачата на денешниот дуел против Шварцман триумфирајќи со убедливи 6-2, 6-2, 6-3, а најголемото изненадување денеска го приреди Италијанецот Сонего, кој се врати од негатива од 0-2 во сетови и го елиминираше Рубљов.

Ова издание на Ролан Гарос предвреме заврши за третата носителка на женскиот дел од турнирот, Американката Пегула, која загуби со 1-6, 3-6 од Мертенс од Белгија.

Се вчитува...