Алкараз му одаде признание на Ѓоковиќ: „За тоа нема никаква дискусија!“

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз му оддаде почит на Новак Ѓоковиќ, истакнувајќи дека српскиот ас има најдобро движење на теренот и лизгање од низок став меѓу најдобрите играчи во светот.

На својот официјален Инстаграм профил, АТП ги праша следбениците кој е најдобар во тој сегмент од играта, а меѓу понудените одговори беа Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз, Рафаел Надал и Енди Мареј.

Меѓу бројните коментари, се издвои одговорот на Алкараз, кој немаше дилема.

„Ѓоковиќ. Тука нема дискусија“, напиша шпанскиот тенисер.

Ѓоковиќ моментално е на одмор во Црна Гора, откако одлучи да го прескокне Мастерсот во Торонто.

Српскиот тенисер го планира својот следен настап на Мастерсот во Синсинати, што ќе му послужи како последна подготовка за Отвореното првенство на САД.

Алкараз, од друга страна, исто така се подготвува за остатокот од сезоната и се очекува да биде меѓу главните фаворити на последниот Гренд слем во годината, заедно со Ѓоковиќ и Јаник Синер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ATP Tour (@atptour)

Се вчитува...