Алкараз по поразот: Не сум тажен, туку горд на себе

Карлос Алкараз се врати на тениските терени по пауза од повеќе од четири месеци, но шпанскиот ас не успеа да ја одбрани титулата на УС Опен откако беше поразен во четвртфиналната пресметка со Бен Шелтон.

Шпанецот одигра одличен меч, но снема сили во клучните моменти во кои долгата пауза од терените беше очигледна. Сепак, Алкараз по дуелот се појави позитивно расположен…

„Беше блиску, навистина блиску… Така што, не сум разочаран ниту тажен што не победив на крајот. Се чувствувам среќен, навистина среќен, и горд на себе, на начинот на кој се борев до самиот крај. По третиот сет ми беше многу тешко на физички план, бев толку многу изморен… Во петтиот сет заиграв подобро, но играв против… Шелтон е „ѕвер“, тој е неверојатен играч и подобро се снајде за да стигне до победата. Му честитам од срце“, истакна Алкараз.

Се вчитува...