Алкараз: Сериозно сум загрижен за Надал

Карлос Алкараз изрази жалење поради тоа што Рафаел Надал го откажал учеството на турнирот во Монтер Карло. Надал не е физички подготвен, па ќе го прескокне и овој турнир, уште еден после Индијан Велс.

Овој му беше посебен, со оглед на фактот дека го освојуваше 11 пати. Новиот „крал на земјата“ уште еднаш ги подгреа шпекулациите за неговото враќање на теренот во брзо време. Сега веќе не е сигурен ниту дали ќе биде подготвен за Ролан Гарос.

„Загрижен сум. Сериозно сум загрижен. Би сакал побрзо да се врати на терен“, рече Алкараз.

„Не знам ништо за него. Се плашам дека нема да игра на турнирите кои му се посебни. Ако не игра во Монте Карло, се надевам дека ќе игра барем во Шпанија“, изјави Алкараз.

Се вчитува...