Македонската А репрезентација втор ден, по вчерашниот собир, ги реализира подготовките за претстојните пријателски натпревари против БиХ во Сараево (29. мај) и против Турција во Истанбул (1. јуни).
Еден од дебитантите во најдобриот состав, Дин Аломеровиќ, не го крие задоволството од повикот во А репрезентацијата, истакнувајќи дека ова е исполнување на неговиот долгогодишен сон.
„Чувството е прекрасно, со голема чест и задоволство сум тука. Желба ми беше од мали нозе да дојде денот да заиграм за А репрезентацијата. Порано бев член во сите младински категории, а сега, фала му на Господ, се најдов тука и во сениорскиот тим. Со добрите игри и благодарение на стручниот штаб, мојата желба се исполни” – вели Аломеровиќ и дополнува:
„Ги познавам половина од играчите, но сакам да верувам во тимот. Знам дека имаме квалитет да се носиме со сите, па така и со Босна и Турција. Сè е до стручниот тим и начинот на кој ќе нè постават. Мислам дека нема да имаме проблем на овие две средби“.
Македонија на 29. мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар против репрезентација на Босна и Херцеговина, додека на 1 јуни во Истанбул ќе се соочи со селекцијата на Турција. Двете репрезентации се учесници на Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
