Аломеровиќ: Задоволен сум од моето деби во репрезентацијата на Македонија

Македонија ремизираше 0-0 на гостувањето против БиХ, во првиот од двата пријателски натпревари што нашата репрезентација ќе ги одигра во овој ФИФА прозорец.

Дебитантот во репрезентацијата, Дин Аломеровиќ по мечот даде свое мислење за натпреварот одигран во Сараево.

„Задоволен сум од моето деби. Игравме против квалитетна репрезентација, дадовме се од себе. Можевме во прво полувреме да дадеме гол, но тоа е фудбалот. Бевме компактни добро се браневме. Босна и Херцеговина заслужено е на Светско првенство бидејќи елиминираше репрезентации како Италија и Велс. Иако тие го контролираа мечот бевме компактни и добро се браневме. Не чека меч со Турција. Знаеме добро која е Турција и колку се квалитетни. Верувам во мене и во моите соиграчи бидејќи многу пати сме покажале дека можеме да играме против секого“, изјави Аломеровиќ. 

Се вчитува...