Алонсо денеска потпишува нов договор со Мекларен

Фернандо Алонсо денеска ќе стави крај на сите шпекулации околу својата иднина потпишувајќи нов договор со екипата на Мекларен. Актуелниот договор на шпанскиот возач истекува на крајот од годинава, а откако стана јасно дека за него нема место во Ферари и во Мерцедес, тој на крајот се согласи на одличните финансиски услови понудени од сегашниот тим.

Згора на тоа, челниците на Мерцедес на инсистирање на Алонсо ја прекинаа соработката со Хонда, потпишувајќи договор за од идната сезона болидите на овој тим да бидат со мотори на Рено.

Алонсо во последните десетина дена ги интензивирал преговорите со водечките луѓе на британскиот тим и бил постигнат договор што официјално ќе биде потпишан во текот на денешниот ден. Како што јавуваат шпанските медиуми, дополнително ќе биде решено дали Мекларен ќе даде зелено светло за Шпанецот да може да се натпреварување на „24 Часа Ле Ман“ трката во Франција.

Се вчитува...