Алонсо ќе вози на „24 часа Ле Ман“, и тоа со „ѕверски автомобил“ (фото)

Фернандо Алонсо и дефинитивно одлучи – ќе прифати нов предизвик во кариерата натпреварувајќи се на „24 часа Ле Ман“. Светски познатата трка е предизвик за голем број врвни автомобилисти, а Алонсо според договорот што го има со Мекларен, има право и да се трка и во друг вид на натпреварувања.

Откако минатата година беше дел од трката во Индијанаполис, тој реши годинава да ја прифати поканата на организаторот и ќе биде дел од силната трка во Франција.

„Не е тајна дека Фернандо веќе подолго време сакаше да се трка на Ле Ман, а нам како организатори ни е чест што и еден врвен Ф1 возач ќе биде дел од оваа трка во 2018 година“ – соопштија организаторите на познатата трка.

Воедно, објавен беше и автомобилот што Алонсо ќе го вози на „24 часа Ле Ман“, ремек-дело на компанијата „Тојота“ со 1.000 коњски сили.

Се вчитува...