Алонсо сака да тргне по стапките на Кристенсен

Маркoс Алонсо ова лето сака да тргне по стапките на неговиот доскорешен соиграч Андреас Кристенсен и да му се придружи во Барселона, пренесуваат англиските медиуми. Шпанскиот бек е желба на каталонците, но и каталонците се избор на 31-годишникот.

Шпанецот е дел од Челси од 2016 година каде пристигна од редовите на Фиорентина, а и покрај тоа што во поголемиот дел од престојот на „Стемфорд Бриџ“ беше во втор план умешно ги користеше минутити по повреда на своите соиграчи за вкупно 211 одиграни натпревари.

Фудбалерот кој потекнува од младинската школа на Реал Мадрид, а одигра само една минута за сениорскиот тим сега е подготвен за враќање во Шпанија по 12 години поминати на интернационалната сцена. За неговите услуги каталонците ќе треба да издвојат до 20 милиони евра.

Се вчитува...