Алушовски: Можеме да играме уште подобро, Вардар е фаворит за куп-трофејот

Стратегот на Вардар, Стевче Алушовски, имаше причина за задоволство по рутинската победа што „црвено-црните“ ја забележаа на дуелот со Металург, пласирајќи се во големото финале од Купот на Македонија.

Првото полувреме мина со големи осцилации во играта, но „вардарци“ потоа издоминираа на почетокот од вториот дел и рано ја осигураа победата.

„Отворивме одлично, но потоа по големиот број промашени зицери дозволивме противникот да се врати во игра. Сепак, пред крајот на првиот дел, како и на почетокот од второто полувреме, најдовме начин како да се одлепиме резултатски. Без оглед на победата, верува дека кај нас постои голем простор за напредок во играта. Сега чекаме да видиме кој ќе биде нашиот противник и во текот на утрешниот ден добро да ја анализираме неговата игра. За крај пак ќе кажам дека Вардар е фаворит во финалето“, изјави Алушовски по натпреварот.

Се вчитува...