Алушовски: Во куп натпреварите нема фаворити

Вардар во второто полуфинале во националниот куп ќе се сретне со вечниот ривал Металург. Тренерот на „црвено-црните“, Стевчо Алушовски вели дека кога е во прашање куп завршницата нема фаворити. Тоа се два посебни натпревари во кои секој може да дојде до победата.

„Во Купот сите екипи се фаворити. Сите се надеваат дека може да победат. Тоа се два посебни натпревари, две посебни приказни, две сосема поинакви дуели. Секој ја гледа својата шанаса тука. Ова се четирите најквалитетни тимови и секој доаѓа со свој есап. Нема аутсајдери. Вардар никогаш не бегал од улогата што ја имал, и секогаш се стреми да биде победник. Во ситуација кога нема публика на трибините речиси е сеедно каде се игра.  Треба да покажеме дека во моментов нашата форма е најдобра и овој месец да го завршиме планираното. Тренираме вредно, секојдневно. На овие дуели од Купот единствено ќе ни недостасува Анте Гаџа кој има повреда на раката и имаше операција. Сите други се максимално подготвени за полуфиналниот дуел со Металург. Тоа е дерби кое секогаш е интересно.  Очекувам натпревари со висок интензитет и очекувам се разбира да бидеме победници“.

Вардар1961 е најуспешниот тим во Купот на Македонија со 13 освоени титули досега. Ова е 28. Куп на Македонија, а лани истиот не се одржа поради пандемијата.

Се вчитува...