Алваро Арбелоа денеска ја одржа својата последна прес-конференција како тренер на Реал Мадрид, пред натпреварот со Атлетик Билбао со кој ја завршува својата епизода на клупата на „кралевите“.
Шпанскиот стратег емотивно зборуваше за своето заминување, истакнувајќи дека е горд на сработеното во клубот каде што помина голем дел од својот живот. Тој изрази благодарност до управата, играчите и навивачите за поддршката во текот на сезоната и најави дека нема да биде дел од тимот на Жозе Мурињо.
„Се надевам дека ова е само довидување, бидејќи ова секогаш ќе биде мојот дом. Припаѓам на Реал Мадрид веќе 20 години во различни улоги и ова засекогаш ќе остане мојата куќа. Утре е мојот последен натпревар на клупата на Реал, а не знам дали е и последен во мојата тренерска кариера. Не е на мене да зборувам за можности. Жозе има фантастичен стручен штаб. Ако дојде во Реал Мадрид, ќе го доведе својот тим и нема никаква можност јас да бидам дел од тоа. Од понеделник ќе морам да размислам што е најдобро за мене. Сметам дека веќе направив чекор напред и многу напредував во изминатите четири месеци“, изјави Арбелоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
