Алжирецот Гедбан му се приклучи на РК Вардар

Алжирскиот интернационалец Калифа Гедбан пристигна во Скопје и од денеска ќе се приклучи на тренинзите на тимот, објави РК Вардар на официјалниот сајт. Тој ги мина лекарските прегледи и сега ќе му биде на располагање на тренерот Роберто Парондо.

Гедбан има право за настап во групната фаза од Лигата на шампионите, бидејќи навреме беше пријавен во ЕХФ. Тој има договор на една година, со можност за продолжување на уште една. Гедбан е првиот Африканец што ќе заигра за „црвено-црните“.

Се вчитува...