Амаре Стадемаер објави крај на кариерата

Поранешниот НБА кошаркар Амаре Стадемаер објави дека става крај на својата кариера. Откако минатата сезона ја напушти НБА, тој го засили тимот на Хапоел Ерусалим, а по една година во овој клуб, тој и дефинитивно става крај на кариерата.

„Дојде време за да кажам „стоп“. Среќен сум што завршувам со титула и од првенството на Израел“, истакна Амаре Стадемаер.

Хапоел Ерусалим со Стадемаер во тимот успеа да ја освои титулата во Израел и стигна до полуфиналето во Еврокупот.

Се вчитува...