Аматерската репрезентација на Македонија подобра од Јужен Велс

Аматерската фудбалска репрезентација на Македонија го оствари првиот триумф на УЕФА Купот на региони што се одржува во Велс. Македонија го совлада тимот на Јужен Велс со 2-1, а стрелци на головите за нашата селекција беа Антонио Лукаров во 57.минута и Тони Мирчевски во 72.минута. Селекцијата на Јужен Велс постигна почесен погодок во 89.минута преку Кристофер Квик.

Првиот меч Македонија го загуби со 0-1 од регионот Евија, а следен предизвик за македонските аматери ќе биде дуелот против селекцијата на градот Гетеборг од Шведска.

Се вчитува...