Аматерската селекција прва на УЕФА Купот во Велс…, на ред се дуели со Португалија, Русија и С. Ирска

Аматерската репрезентација на Македонија го освои првото место во групата на турнирот одигран во Кардиф, Велс, по што го продолжува натпреварите во рамките на УЕФА регионалниот куп.

Македонија во Кардиф запиша две победи, против домаќинот Велс и регионот Гетеборг од Шведска, што беше доволно за прво место во групата и продолжување на натпреварите во следната фаза натпреварите. Следниот турнир нашата репрезентација предводена од селекторот Марјан Јовановски ќе го игра во група со селекциите на Северна Ирска, Португалија и Русија. Натпреварите треба да се играат во октомври оваа година, а домаќинот дополнително ќе биде одреден.

Селекторот Јовановски е задоволен од постигнатиот резултат и од играта што ја прикажа македонската селекција…

„Во група со значително посилни европски репрезентаци првото место ветува дека и на следниот турнир ќе се претставиме во добро светло и повторно со добра игра да забележиме добри резултати“ – истакна Јовановски по освојувањето на првото место на турнирот во Велс.

Се вчитува...