Италијанските медиуми открија дека главен виновник за тоа што Душан Влаховиќ во летниот преоден рок си замина од Јувентус и потпиша за Бешикташ е новиот спортски директор на „старата дама“, Џовани Карневали.
Карневали ова лето беше именуван за спортски директор на Јувентус, и од тренерот Лучано Спалети доби барање да му ги продолжи договорот на Душан Влаховиќ, но не успеа во тоа.
Причина за тоа е што Карневали не го запознал Влаховиќ, односно немал средба, ниту пак имал телефонски разговор со фудбалерот.
„Никогаш лично не сум зборувал со него. Има шанси кои денеска повеќе ги нема, но утре повторно ќе се појават. Влаховиќ е фудбалер кој не беше во нашите планови“, изјави Карневали за италијанските медиуми.
На местото на Влаховиќ, Јувентус го ангажира напаѓачот на ПСЖ, Рандал Коло Муани, а на едногодишна позајмица го донесе и Ник Волтермаде од Њукасл.
Двајцата напаѓачи во првите три меча на Јувентус во Серија А не се запишаа во листата на стрелци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
