„Амбициите беа финале, успеавме – сега сакаме злато“

Кадетската репрезентација на Македонија денеска во 16 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе го игра финалето против Израел на Светското првенство во училишен спорт, што се одржува во беспрекорна организација во нашиот главен град.

Селекторот Горан Кузманоски не го крие задоволството од пласманот во финалето, oткривајќи дека селекцијата се соочила и со сериозни здравствени проблеми, но одговорила на сите предизвици и заслужено денеска ќе води битка за златниот медал.

„Благодарност до играчите, покажаа карктер иако не беа лесни последните два меча против Саудиска Арабија и против Србија. Одбраната го реши победникот против Србија, им реков на момците ако го спроведеме нашиот систем нема да имаме проблем. Реално пред почетокот на Светското училишно првенство амбициите беа да играме финале и да освоиме медал, тоа го исполнивме. Морам да напоменам дека ние дојдовме од Медитерански Игри, доста играчи се преморени, никој не знае дека шест-седум играчи имаа вирус, не можеа од кревет да станат, само доаѓаа за да одиграат натпревар и си одеа. Но, сето тоа заедно го пребродивме, се пласиравме во финалето и се надевам на добра игра. Финале е секој може да победи“, изјави селекторот Горан Кузманоски.

Се вчитува...