Американецот Џастин Мартин, големо засилување за Пелистер

Американецот Џастин Мартин е најновото засилување на Пелистер, како потврда дека битолчани се решени повеќе да немаат епизодна улога на македонската кошаркарска сцена. Станува збор за крилен кошаркар кој може да настапува и како крилен центар, а кој кариерата во НЦАА ја мина во престижниот универзитет Ксавиер.

По доаѓањето во Европа тој има настапувано во Русија, Германија, Кипар и Исланд, а минатата сезона со голем успех го носеше дресот на Паниониос во грчкиот шампионат. Станува збор за играч на кого шутот од далечина му е силна страна и од кого се очекува добро да се вклопи во брзата кошарка на која инсистира тренерот Илиевски.

Пелистер под водство на новиот тренер Марјан Илиевски формираше силен тим кој сигурно ќе атакува на влез во Супер-лигата. Битолчани најпрвин ги потпишаа Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ, потоа го договорија останувањето на Зеќири, од ФМП го доведоа Нацевски, а Мартин е третиот странец што досега е договорен во клубот, по Кесар и Басит.

Се вчитува...