Американецот Џеј Пал е најново засилување на КК Соколи

Комплетирајќи го ростерот за новата сезона во Суперлигата, екипата на КК Соколи од Штип се засили и со Американецот Џеј Пал!

Станува збор за атлетично крило високо 206 сантиметри, кое зад себе има богато НЦАА искуство настапувајќи за Џексонвил, Кемпбел и реномираниот Сан Диего.

Професионалната кариера го однела потоа во Грузија, Белгија и Мексико, а во сезоната 2025/26 за екипата на Фрајлес бележи 13,2 поени и 5,5 скока.

„Со својата висина, атлетизам, разновидност и енергија на двата краја од теренот, Пал треба да биде значајна сила во нашиот состав“ – порачуваат од КК Соколи.

Се вчитува...