Американецот Доналдсон прво засилување за КК Гостивар

Американскиот интернационалец Донован Доналдсон е првото засилување за новата сезона за кошарскиот суперлигаш Гостивар, потврдија од клубот. Американецот игра на плеј-мејкерската позиција, a во Гостивар доаѓа од американската колеџ лига каде минатите две сезони ги бранеше боите на кошаркарската екипа при универзитетот Тускулум од Тенеси. Тој минатата сезона просечно по натпревар бележеше по 15,4 поени со 41 отсто шут за три поени.

Покрај Доналдсон, Гостиварчани претходно ги продолжија договорите на близнаците Димитриевски, на Милан Димитриески и на искусниот Диме Тасовски, а ја продолжија и соработката со тренерот Марјан Србиноски.

Се вчитува...