Американецот Холанд, ново засилување за Вардар

Кошаркарските прволигаши продолжуваат да се засилуваат во пресрет на новата сезона, откако Вардар денеска го официјализираше потписот со Девонте Холанд.

Станува збор за 22-годишен Американец кој настапува на центарската позиција. Тој пристигнува од Универзитетот Радфорд, а Вардар ќе биде негов прв клуб во Европа. Во ситуација кога „црвено-црните“ се најтенки на центарската позиција, се очекува Холанд да биде сериозно засилување за тимот предводен од тренерот Јованчев.

„Црвено-црните“ во првото коло од новата сезона, закажано за 3 октомври, ќе го пречекаат новиот прволигаш Црн Дрим.

Се вчитува...