КК Соколи го донесе првото странско засилување за новата натпреварувачка сезона, ангажирајќи го американскиот интернационалец Кам Хамилтон. Одличниот организатор на играта доаѓа како сериозно засилување за тимот, кој најверојатно ќе биде дел од Суперлигата во новата сезона.
Хамилтон потекнува од Шарлот, Северна Каролина, а на македонската кошаркарска сцена носи богато меѓународно искуство. Во својата досегашна кариера, тој има забележано настапи во САД, Албанија, Кипар и Полска.
Во сезоната 2025/26, настапувајќи во полското првенство, Кам бележеше импресивен просек од 19,9 поени, 5,7 скока, 3,8 асистенции, 2,5 украдени топки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
