Американецот Максвел со потпис за Кожув

Кожув донесе нов странски кошаркар како засилување, откако денеска го комплетираше трансферот на Ентон Максвел. Станува збор за американски кошаркар кој настапува на крилната позиција, а преселбата во Гевгелија ќе биде негово прво искуство во Европа.

Максвел е второто странско засилување за Кожув, откако тимот на Алек Јончевски претходно го договори и хрватскиот центар Антун Маричевиќ.

Прволигашот од Гевгелија го доведе и Шалев од Академија ФМП, како и Бешлиоски. Во однос на ланскиот ростер Кожув успеа да ги задржи Караџовски и Пајиќ, а тимот го напуштија Трајковски и Стајиќ, кои во пакет заминаа во Пелистер.

Се вчитува...