Американецот Мареро, нов кошаркар на Кожув

Кожув ги засили редовите со Американецот ДеХуан Мареро, кој потпиша договор со клубот од Гевгелија со важност до крајот на сезонава.

Станува збор за крилен кошаркар, коj ланската сезона ја мина во шампионатот на Порторико, каде со тимот на Понсе стигна до финалето на плејофот. Претходно, овој кошаркар има настапувано и за екипата на Лозана, при што беше избран за играч на 2018 година во шампионатот на Швајцарија.

Кожув во првите четири кола има три победи и еден пораз, а со ангажманот на американското засилување тимот на Алек Јончевски уште еднаш ги потврдува сериозните амбиции за сезонава.

Се вчитува...