Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда наскоро може да добие големо засилување во името на Девонте Грем кој поради повреда не е во можност да им помогне на „црвено-белите“.
Говорејќи за медиумите американскиот кошаркар откри детали од рехабилитацијата од повреда откривајќи дека во прашање се недели од камбек и дека истиот го чека со нетрпение.
„Да бидам искрен, ќе биде тоа за недела до две. Верувам дека ќе биде така. Едвај чекам да се вратам на теренот, се што сакам е да играм кошарка“, изјави Грем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

