Американката Бонер се приклучи на женската репрезентација за квалификациите за ЕП

Со едeн ден задоцнување, поради, во овој момент, не баш идеалните авио-конекции од САД до европскиот континент, ѕвездата од ВНБА-лигата Девана Бонер пристигна во Охрид, приклучувајќи се на македонската женска репрезентација.

Бонер, која е трикратен шампион во најсилната лига на светот, ќе биде дел од ноемврискиот квалификациски циклус на македонската репрезентација, всушност „балонот“ кој во периодот од 12. до 14. ноември ќе се игра во главниот град на Летонија, Рига.

33-годишната Бонер веќе го одработи и првиот тренинг со репрезентацијата, запознавајќи се со репрезентативни соиграчи, но и со плановите на селекторот Владимир Ѓоровиќ и неговите асистенти Срѓан Дамњановски и Александар Ашаданов.

Нашиот женски сениорски состав ќе тренира во Охрид уште утре, по што следува враќањето за Скопје и подоготвки за патувањето кон Рига. Во Скопје ќе ги чека капитенот Анџелика Митрашиновиќ, а планирано е и приклучувањето на Софија Лазареска која имаше натпреварувачки обврски со нејзиниот клуб од Италија.

Се вчитува...