Американката Ива Јовиќ приреди драма, па го шокираше Њујорк: „Знам дека не навивате за мене…“

Американската тенисерка со српско потекло, Ива Јовиќ се пласираше во осминафиналето на Отвореното првенство на САД.

Ива Јовиќ ја победи Александра Ијала со 2-1 во сетови и обезбеди место во следната рунда. Нејзин следен противник ќе биде нејзината сонародничка Кори Коко Гоф.

Јовиќ ја победи Ијала за три часа и три минути, со 7-5, 3-6, 7-5 на стадионот „Артур Еш“.

„Не знам што да кажам, како да истрчав маратон, но навистина вредеше. Не покажувам многу емоции, но за мене беше многу важно да победам и да одиграм уште еден натпревар на Отвореното првенство на САД. Само сакав да се концентрирам, знам дека не навивавте за мене, луѓе, но во секој случај ми дадовте импулс… Ви благодарам за тоа“, рече Ива Јовиќ.

Навистина треба да се нагласи дека публиката не навиваше против Ива Јовиќ, туку дека Ијала беше попопуларната тенисерка.

„Искрено, не знам што да мислам по ова. Мислам дека нивото на тенис беше апсолутно неверојатно од двете страни. Дефинитивно приредивме шоу. Ги изгубив обетките, паднав на теренот, имав посекотини на колената, ментални сломови… Буквално ми требаше сè. Мислам дека научив многу за управувањето со натпреварите оваа година. Изгубив неколку тешки натпревари на Гренд слем турнирите претходно оваа година, натпревари како овој, па затоа сум среќна што го свртев овој во моја корист. Чувствувам дека направив некои работи подобро“, рече Јовиќ дополнувајќ околу нејзината следна противничка, Коко Гоф.

„Тоа е она што го сакате – втората недела на Гренд Слем, играте против една од најдобрите тенисерки во светот. Таа очигледно игра многу добро во моментов. Сепак, последниот пат кога играв против неа имав многу шанси. Се надевам дека ќе можам да научам од тоа и да го повторам овој настап. Ако го повторам ова ниво, дефинитивно ќе имам свои шанси“, рече Јовиќ.

Се вчитува...