Американката Шифрин победничка на супервелеслаломот во Банско

Американката Микаела Шифрин победи на супервелеслаломската трка која денеска се возеше во Банско, Бугарија.

Извонредната Шифрин славеше со време од 1:10.88, па дополнително си ја зацврсти водечката позиција во генералниот пласман во Светскиот куп.

На второто место заврши италијанската скијачка Марта Басино, додека трета беше Лара Гут-Бехрами.

Во генералниот пласман Шифрин е убедлива со 1225 бода, втора е Федерика Брињоне со 855 бода, а трета е Петра Влхова со 830 бода.

Шифрин, со денешната победа, го презеде водството и во вкупниот пласман во супервелеслалом. Сега е на чело со 186 бода пред Корине Шутер која има 150 бода.

Се вчитува...