Американски коментатор за Дончиќ: Купете му авионски билет, вратете го во Словенија

Словенецот Лука Дончиќ едноставно ја воодушевува светската кошаркарска јавноста со своите настапи сезонава за Далас Маверикс. Во последниот триумф над Бостон запиша 34 поени воодушевувајќи ги и американските коментатори кои не штедеа комплименти за неговата игра.

Но, еден коментар ја разбранува американската спортска јавност и покрај тоа што беше во очигледно позитивен шеговит контекст, нагласувајќи дека се забавува на паркетот…

„Па, тој не е и од САД. Вратете го во Словенија. Купете му билет во еден правец. Што прави тука?“ – беа дел од коментарите на американскиот коментатор кои не им се допаднаа на фановите на Лука Дончиќ, па преку социјалните мрежи бараа коментаторот да се извини.

 

Се вчитува...