Рома доби нов газда за 591 милиони евра

Американскиот милијардер Ден Фридкин е нов сопственик на Рома. Италијанските медиуми објавуваат дека досегашниот сопственик Џејмс Палота потпишал продажба на клубот кој наскоро и официјално ќе биде предаден во рацете на Фридкин.

Комплетното преземање на клубот ќе биде реализирано до крајот на актуелниов месец. Комплетниот договор вреди 591 милиони евра. 55-годишниот Ден Фридкин на тој начин отвора ново поглавје во историјата на Рома, најавувајќи сериозни идни инвестиции Неговото богатство се проценува на четири милијарди долари.

Досегашните газди на „волчицата“ го навлекоа бесот на навивачите поради конфликтите со клупските легенди како Франческо Тоти и Даниеле де Роси, кои си заминаа од „Олимпико“ по конфликтите со Палота.

Се вчитува...