Американски новинар брутално кон Ѓоковиќ: „Оди бре во пензија, доста повраќаш и плачеш!“

Американскиот тениски новинар на „Њујорк пост“ смета дека Новак Ѓоковиќ и Венус Вилијамс треба да се пензионираат.

Новак Ѓоковиќ беше шокантно елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД од Маријан Навоне за првпат по 20 години. Српскиот тенисер имаше многу проблеми за време на тој натпревар, повраќаше неколку пати, па дури и плачеше, емотивно доживувајќи ја немоќта.

Американскиот „Њујорк пост“ објави брутално искрен напис во кој вели дека Новак Ѓоковиќ треба да се пензионира.

„Стадионот „Артур Еш“ практично изгледа како геријатриско одделение оваа година. Двајца тенисери кои имаат околу 40 години играа на најголемиот тениски стадион во светот: Новак Ѓоковиќ (39) и Венус Вилијамс (46). Како што се очекуваше, двајцата беа елиминирани во првото коло. Ѓоковиќ го направи тоа на драматичен начин кој беше тежок за гледање – речиси идентичен со физичкиот слом што го доживеа во Синсинати две недели претходно. Ветеранот од Србија, минатата недела во недела повраќаше неколку пати, имаше грчеви, а потоа се расплака. Каква претстава“, напиша Џон Олексински, притоа дополнувајќи во својот текст:

„Порано 30-тата година се сметаше за сериозна возраст во машкиот тенис. Триесет и пет? Како Рип Ван Винкл. Четириесет? Како Метузалем. Најстариот освојувач на Грендслем во историјата е сè уште Кен Роузвол, кој имаше 37 години кога го освои Австралија Опен во 1972 година. Знаете, во времето кога рекетите беа направени од дрво и тенисот беше многу помалку физички напорен отколку што е денес. На теренот „Гранд трибина“, пак, светскиот број 127, Стен Вавринка го одигра својот последен Гренд слем меч на 41 година. Во последен момент, УС Опен му даде посебна покана како подарок за збогум. Тоа е многу подобро отколку да резервирате место за некој млад, помалку искусен Американец во земја која немала шампион на машки Гренд слем 23 години од Енди Родик, нели? Така се развива тенисот – со враќање на старите имиња на сцената. Нели?! Стен загуби во три сета од 30-годишниот Матео Беретини, а во третиот сет не освои ниту еден гем. Среќен пат“ – пишува иронично американскиот тенисер.

„Нема сомнение дека овие ветерани се меѓу најголемите играчи на сите времиња. Статистички, со 24 Гренд слем титули, Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, иако е речиси сигурно дека тој ја нема 25-тата титула во себе“, се вели во текстот.

Се вчитува...