Американските спортисти кои ќе бидат дел од ЛОИ ќе бидат вакцинирани

Американскиот олимписки одбор објави дека сите спортисти кандидати за Летните олимписки игри во Токио ќе бидат вакцинирани против Ковид-19. Извршната директорка на американскиот олимписки и параолимписки комитет Сара Хиршланд изјави дека брзината на вакцинирањето во САД значи дека спортистите ќе може да бидат вакцинирани пред квалификациските натпреварувања за во Токио.

„Оптимизмот е на големо ниво и се надеваме дека ќе успееме да ги вакцинираме сите американски спортисти пред натпреварувањата. Се надеваме дека некои ќе бидат вакцинирани и пред квалификациските турнири“, изјави Хиршланд. 

Околу 62 милиони луѓе во САД веќе примија една или повеќе дози од вакцините, што е 19 отсто од возрасната популација, додека Белата куќа постави цел од 270 милиони вакцинирани до месец мај.

Се вчитува...