Американците и со „втор тим“ ја преслушаа Шпанија

САД нема да настапи со „тим од соништата“, но селекторот Попович е убеден дека и играчите што ги има на располагање се способни да го освојат златниот медал на Мундијалот во Кина. Впрочем, дозволен доказ дека Американците се уште имаат исклучително квалитетен состав е синоќешната контрола против Шпанија, во која лесно ја преслушаа „црвената фурија“ со 90-81.

Пресуден беше беспрекорниот шут на американските кошаркари, кои погодија дури 58% од ударите за три поени (11/19). Попович уфрли во игра 13 од 14-те кошаркари во тимот, а не настапи само Маркус Смарт. Најефикасен беше Донован Мичел со 13 поени, Мидлтон постигна 12, а Вокер и Тејтум по 11 поени. Марк Гасол беше најдобар поединец во шпанскиот состав со 19 поени, додека Рики Рубио реализираше 16 поени и 7 асистенции.

Американците пред мечот добија уште една лоша вест, откако кошаркарот на Хјустон, Пи-Џеј Такер, поради повреда на скочниот зглоб ги прекина подготовките и дефинитивно нема да настапи на СП во Кина.

Се вчитува...